Ковид19 Македонија Топ вести

40 илјади брзи тестови се потребни за да се изведе скринингот во училиштата

Здравствените власти во моментов располагаат со околу 130 илјади брзи тестови кои ќе бидат наменети за скринигот во образовниот систем а покрај тоа најавена е донација од дополнителни 80 илјади брзи тестови кои ќе се чуваат како резерва, дознава Телма.

Според првичните проекции во министерството за здравство, за најавениот скриниг потребни се 40 илјади тестови со кои ќе се добие прецизен препрезентативен примерок за трансмисијата на коронавирусот во образовниот систем.

Микробилогот Никола Пановски смета дека скринингот треба да се направи кај цел клас на ученици или контактите на заболеното дете. Во случај на било какви симптоми мора да има тестирање за да се знае дали е Ковид. Според Пановски, скрингот би требало да се направи за наатитела кај учениците.

Од здравство информираат дека сеуште се работи на методологијата на скринингот кој ќе ги опфати основните и средните училишта а веќе од понеделник, во координација со министерството за образование ќе почнат со барање на дозволи за тестирање од родителите на учениците во веќе таргетираните училишта, без кои нема да може да се изведе процесот.

Оттаму посочуваат дека токму дозволите на родителите се клучот во успешнои спроведување на скринингот.

А на социјалните мрежи може да се забележи дека отпор од родителите има.

Родителите во одделението на мојата ќерка бурно реагираа по најавите за тестирање во училиштата. Строго забранија децата да се тестираат без нивно присуство и согласност. Многу работи набројуваа, меѓу другото е дека обични протоколи не почитуваат училиштата во превенција а сакаат да тестираат деца. Потоа ова е чекор кон вакцинирање на децата… Не веруваат на државните институции…, напиша активистката Мерсиха Смаиловиќ на „Фејсбук“.

Пановски  се согласува дека дозвола треба да се бара од родителите бидејќи процесот може да биде трауматичен за малите деца. Доколку детето има симптоми, станува збор за јавен интерес и не би требало родителите да одбиваат.

Според последните официлајни податоци на министерството за здравство досега целосно се вакцинирани околу 4 илјади ученици на возраст од 12 до 18 години а процентот на заболени на дневна база варира од 0,01 отсто до 0,03 отсто од вкупната бројка на ученици која изнесува 240 илјади.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе