Ковид19 Македонија Топ вести

Родители на ученици во Тетово и Гостивар алармираат дека во нивните училишта има деца заболени од Ковид

Враќањето во училишните клупи на децата за дел од родителите е позитивно, но кај други донесе страв од можност за ширење на коронавирусот.

Реџепали Ѓапи, родител на ученик во средното медицинско училиште во Гостивар со реакција дека во паралелката на неговиот син има голем број ученици и како што вели, не може да се одржува дистанца. По пријавувањето во Просветниот инспекторат очекува институционална реакција.

Директорот на училиштето Елбаш Абази, пак, демантира дека во паралелките има толкав број на ученици и тврди дека протоколите се почитуваат.

Во паралелките има до 35 ученици максимум, нема клас со 45 деца. Се‘ што е во наша надлежност и можност правиме и протоколите кои се пропишани од надлежните се спроведуваат, вели Елбаш Абази, директор на медицинско училиште – Гостивар.

Родители од Тетово, пак, кои не сакаат да зборуваат пред камера велат дека во одделенијата на нивните деца има болни ученици, но другите продолжуваат да следат настава.

Официјалните бројки на Секторот за јавни дејности говорат за само два ученика во основно образование се позитивни на ковид 19, со тоа и два класа во изолација. Од таму велат дека се почитуваат протоколите, кои налагаат изолација само со документ за позитивен тест.

Инаку поради серизоноста на состојбата со пандемијата во полошко и поради големиот број средношколци кои доаѓаат и од руралните средини, наставата во средните училишта до 20 септември се одвиваше онлајн, додека основците учебната година ја започнаа со физичко присуство.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе