Свет

Подметнати пожари и експлозивни направи во северно Косово

Кризата во северно Косово, област на границата со Србија населена со мнозинско српско население, предизвикана од одлуката на Владата на Албин Курти да воведе реципроцитет кон соседната држава со времените регистарски таблички, во текот на минатото деноноќие се продлабочи, откако засега непознати сторители запалија два објекти.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска информира дека синоќа по полноќ е запален Центарот за регистрација на возила, кој се наоѓа во објектот на општината Зубин Поток, а нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечане.

Во објава преку својата страница на Фејсбук, Свечља оцени дека станува збор за „криминални акти со терористички елементи“.

Денеска во еден часот по полноќ, во криминални акти со терористички елементи предизвикани од сомнителни лица, е запален Центарот за регистрација на моторни возила кој се наоѓа во објектот на општина Зубин Поток. Косовската полиција веднаш излезе на местото на настанот и наскоро ќе имаме повеќе информации. Исто така нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечане, каде што има сомневања за подметнати експлозивни направи, напиша Свечља.

Од косовската полиција за регионот Север потврдија за медиумите дека во Центарот во Звечане се откриени две експлозивни направи, кои подоцна се уништени.

Министерот Свечља порача дека овие настани „покажуваат што би се случило на граничните премини (со Србија) Јариње и Брњак доколку таму немаше присуство на специјалната полиција“.

Односните меѓу Приштина и Белград се затегнаа откако косовската Влада во понеделникот, на 20 септември, почна да ја спроведува одлуката за задолжително опремување со времени регистарски таблички на возилата кои влегуваат од Србија преку косовските гранични премини.

Оваа одлука предизвика протести на Србите во северно Косово, кои со патнички и други возила веќе шести ден го блокираат граничниот премиен Јариње, а уследија и остри реакции од офцијален Белград, откако на граничните премини беа упатени сецијалните единици на косовската полиција. Во врска со настанатата ситуација официјален Брисел, како и западните дипломати во Косово, повеќе пати ги повикаа Приштина и Белград да ги смират тензиите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе