Дури и да претрпи политичка штета, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека пратеничката група ќе достави нов предлог за формирање анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово. Барањето ќе го содржи уставното име „Република Северна Македонија“. Мицкоски бара од собранискиот спикер веднаш да закаже седница и покрај фактот што од понеделник почнува кампањата за локалните избори. Вистината според него мора да се знае а виновниците да се казнат.
Од СДСМ велат дека тие не бегаат од расправа но дури откако ќе заврши истрагата.
- Анкетна комисија може да работи врз основа на аргументи. Парламентот не е ниту истражен орган, ниту обвинителство, ниту суд. Да почекаме резултати од истрагата и тогаш ќе разговараме за фактите и аргументите во такво тело кое би се формирало.Во сериозна институција, како што е Собранието, тоа така мора да се направи.
Од Владата повторија дека во истрагата се вклучени институции и обвинителства и апелираат случајот да не се злупотребува во дневно политички цели.
Јулијана Пешевска
