Свет

Меркел повика да се гласа за Лашет со цел „Германија да остане стабилна“

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да гласаат за Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, за да ја одржат Германија „стабилна“. Пораката е испратена два дена пред одржувањето на парламентарните избори на кои се бира нејзин наследник.

За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да биде федерален канцелар, изјави Меркел на митингот на нејзината партија во Минхен пред изборите в недела, според кои анкетите предвидуваат близок дуел помеѓу фаворитот на социјалдемократите и неговиот десничарски противник.

Таа истакна дека „не е важно кој раководи со Германија“, предупредувајќи кое сценарио би било доколку победи социјалдемократот Олаф Шолц, кој води на анкетите.

Можете ли да замислите црвено-црвено-зелена влада?, ги праша претставниците на ЦДУ и ЦСУ собрани во Минхен на последниот митинг од кампањата. Канцеларката го критикуваше зголемувањето на данок најавено од социјалдемократскиот кандидат, што може да ги натера германските компании да се преселат во Австрија или Холандија.

Ова не е наша политика, нагласи канцеларката Меркел, додавајќи дека претпочита „политика што им овозможува на компаниите да останат во земјата и да отворат работни места – тука, за да напредува Германија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе