Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави ново барање за анкетна комисија со „Северна“

Дури и да претрпи политичка штета, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека пратеничката група ќе достави нов предлог за формирање анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово. Барањето ќе го содржи уставното име „Република Северна Македонија“. Мицкоски бара од собранискиот спикер веднаш да закаже седница и покрај фактот што од понеделник почнува кампањата за локалните избори. Вистината според него мора да се знае а виновниците да се казнат.

Од СДСМ велат дека тие не бегаат од расправа но дури откако ќе заврши истрагата.

  • Анкетна комисија може да работи врз основа на аргументи. Парламентот не е ниту истражен орган, ниту обвинителство, ниту суд. Да почекаме резултати од истрагата и тогаш ќе разговараме за фактите и аргументите во такво тело кое би се формирало.Во сериозна институција, како што е Собранието, тоа така мора да се направи.

Од Владата повторија дека во истрагата се вклучени институции и обвинителства и апелираат случајот да не се злупотребува во дневно политички цели.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе