Вести Македонија Најважни

Историчарите контра Заев – историските факти не можат да се скријат

Историчарите и Комисијата за историски прашања со Бугарија работат во делокругот на историјата, а бришењето на бугарски фашистички окупатор од спомениците и од учебниците е во делокругот на политиката. Вака премиерот Зоран Заев денеска ја дообјанси изјавата дека терминот „бугарски фашистички окупатор“ дефинитивно ќе се брише од учебниците, додавајќи дека со тоа не им прејудицира политички решенија историчарите и на Комисијата, туку го сузбива уредентизмот и провокациите кон Бугарија. Според него бришењето на бугарски фашистички окупатор не е во опфатот на работата на Комисијата со Бугарија и затоа не смета дека им се меша во работата.

„Назначувањето или именувањето на фашистичкиот окупатор како фашистички окупатор или давајќи етничка димензија на фашистички окупатор не е делокругот на работата на историската комисија. Историската комисија го работи делот на историските моменти, на тоа што се случувало до тогаш, кој каков револуционер бил, за што се борел. Кој каков партизан бил во тоа време или припадник на фашистичкиот режим во тоа време или слично. Политичкиот аспект е делот на политиката и затоа слободно го дискутирам“, вели Заев.

На изјавата на Заев за бришење на бугарскиот фашистичи окупатор регираше и македонскиот тим во Комисијата со Бугарија според која пишувањето на учебници е процес кој вклучува повеќе актери и предвидува неколку фази, во кој се води сметка за светските историска наука, но оти историските фактите не можат да се менуваат и скријат.

„Во однос на прашањето на односите со соседите, но и меѓуетничките односи тие треба да овозможат историјата да не биде злоупотребена за политички цели и создавање на негативни претстави за соседите или, пак, за било која од етничките заедници во Македонија. Истото се однесува и на политиките на сеќавање. Фактите не може да се сменат и скријат, но исто така не смее да се манипулира со нив ниту да се злоупотребуваат“, стои во писмената реакција дадена за Телма од шеф на македонскиот тим на мешовитата Комисија со Бугарија.

Дека историските факти нетрпат цензура, е став и на поранешниот член на историската Комисија со Бугарија, професорот Александар Литовски. Според него политичарите секогаш се обидувале да пишуваат историја и да ја политизираат.

„Државата има ингеренции во сферата на учебниците, еве и на спомениците. Меѓутоа, државата не може да прави цензура и нема да успее да прави цензура на историјата воопшто, затоа што историчарите и луѓето секога имаат своја историска  вистина и политичарите не можат да ја контролираат воопшто“, вели Литовски.

Заев пак денеска даде и свое гледање на фашизмот од Втората Светска војна и окупацијата на Македонија која како што рече била окупирана од фашистите од Третиот Рајх од кои дел биле и Германија, и Италија и Бугарија,

„Фашистичкиот окупатор има поставеност во делови на структури, групи, или би го нарекол, одредени лидерства во целиот овој период“, објаснува Заев.

Сепак тој смета дека не сме да му се дава етнички предзнак на фашизмот,со што не се согласува историчарот Литовски.

„Фашизмот како и се друго има етнички предзнак и има италијански, бугарски, германски фашизам. Дури постои и македонски фашизам. И историјата мора да биде конкретна, не може да биде, дури и на етнички план неконкретна“, објаснува Литовски.

Инаку дел од обврската на македоснко-историската комисија со Бугарија е и постигнување на договор за содржината на учебниците кои с екористата во образовниот систем, и во двете земји, а во кои спаѓа и периодот од Втората светска војна и окупацијата на Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе