Вести Македонија Топ вести

Рашковски останува во домашен притвор

Рашковски останува во домашен притвор. Врховниот суд ги одби како неосновани жалбите на поранешниот генерален секретар на владата за укинување на неговиот домашен притвор.

За поранешниот генерален секретар на владата, а сега осомничен за злупотреба на службената положба и финансиски малверзации Рашковски сеуште нема обвиненија, а се водат истраги за набавки на софвтери кои самиот ги заштитил како сопствени иновации а потоа како генерален секретар на владата склучил договор со фирмата инвока за да ги набави. Едниот софтвер е за систем за сообраќајни прекршоци за потребите на МВР иако министерството тоа не го побарало, а вториот софтвер бил наменет за електронско гласање. Двете зделки се во висина од околу 200 илјади евра. Рашковски е осомничен и дека од хонорарец во неговиот кабинет добивал по 300 евра месечно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе