Македонија Најважни

Уште еден притвор во странство за ерменскиот скандал на македонската дипломатија

Ерменскиот скандал на македонската дипломатија доби нов пресврт откако е објавен документ на МНР дека уште во април бил уапсен Бранислав Димитријевиќ, бегалецот кого од Ереван со приватен авион го извлекле тројца дипломати на МНР. Дописот, со кој македонската амбасада во Загреб известува за екстрадициониот притвор на Димитриевиќ во Осијек, баран преку Интерпол, беше објавен на социјалните мрежи. Но, од МНР одбија да го коментираат, со образложение дека, лицето наведено во него не е вработено кај нив, и оттука овој случај не спаѓа во нивна надлежност.

Документот од април ги подгреа сомнежите во јавноста дека за аферата се знаело порано, иако министрите Османи и Спасовски изјавуваа дека, првпат слушнале во август годинава, кога Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена.

Од МНР тврдат дека им биле побарани информации, но не биле известени за распишана потерница по некој дипломат.

Во 2019 година е стигнат допис од страна на МВР во кој се бараат информации за број на дипломатски пасоши на три лица и тоа двајца вработени во МНР, од кои едниот е сега притворениот, како и за еден пензионер; информацијата која е побарана е дали во одредени денови и во одреден период биле или отсуствувале од работа. МНР ги доставува бараните информации до надлежните органи и потоа нема никакво дополнително известување од страна на МВР за евентуална потерница против овие лица, велат од Министерството за надворешни работи.

Бегството од Ереван е организирано на почетокот на октомври 2019-та, а пред крај на годината, ерменската полиција од МВР бара информации за тројцата дипломати. Тогаш е известено и МНР.

И покрај тоа, во август го испратиле Миле Миленкоски како нов заменик шеф на државната мисија во ОБСЕ во Виена. Таму бил само една недела пред да биде уапсен.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во моментов нема индикатори за нов ценове бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе