Вести Македонија Топ вести

Приведена докторка во Кумановската болница, земала поткуп од 200 евра за операција

МВР соопшти дека е приведена лекарка од кумановската болница. Таа покрај партиципација за интервенции на катаракта и вградување леќи, наплаќала и плус пари за кои не издавала потврди за уплата. Дел од парите е најден кај медицинска сестра, а 98 илјади денари се најдени во автомобил на приведената лекарка. За уапсената и претходно имало пријави дека барала пари за зафати на око од пациенти иако за тоа се наплаќа само партиципација од фондот за здравствено осигурување. Во еден наврат пари барала и од родител на медицинско лице вработено во болницата. Лекарката не вршела уплати за партиципација туку земала по 200 евра за извршен зафат, соопшти МВР. Операциите ги вршела во простории на кумановската болница, каде што денеска е и уапсена. Полицијата вршела претреси во очното одделение во присуство на претставници на болницата.

Денеска (22.09.2021) во 07,00 часот полициски службеници од СВР Куманово- Отсек за економски криминал, по претходно добиени оперативни сознанија односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С., и обезбедена судска наредба, извршија претрес во работни простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата. При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово од медицинската сестра одземени се 18000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово.

Имено, Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по чл.353 и примала поткуп од пациенти,казниво по чл.357 од КЗ на РСМ така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница- Куманово и за интервенциите противправно земала по 12000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплаќана, со што се оштетува буџетот на РСМ, туку парите пациентите ги давале лично на пријавената, непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе