Вести Македонија Топ вести

Откажани седници, тензична предизборна атмосфера во Собранието

Се вжештува атмосферата во законодавниот дом во пресрет на локалните избори.Довикувања, свирежи, навреди, нетрпеливост, прекини и долги паузи. Во вакви услови заседаваше Комисијата за труд и социјална политика. Наместо суштинска дебата за недела да биде неработен ден, расправата во комисијата  се сведе на неколку часовно барање на пратениците од ВМРО ДППМНЕ на дневен ред  да се стави Информацијата за реализација на набавката, изградбата и пуштање во употреба на модуларните болници. Опозициската партија смета дека има индиции за злоупотреба на заемот од Светска банка и затоа бараат отчет од Министерствата за здравство и за труд и социјална политика.Барањето беше одбиено а поради немањето услови за работа  комисијата беше прекината.

СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за деструкции.

Нема информации ниту образложение зошто е откажана и 51-та собраниска седница на чиј дневен ред требаше да се најдат повеќе законски решенија.Не се одржа ниту Комисијата за европски прашања каде имаше повеќе закони со европско знаменце. Од опозицијата велат дека тие добиле само пораки дека нема да се одржи седницата.

Ова е последната недела од работата на Собранието пред почетокот на изборната кампања. Пратениците повторно ќе седнат во собраниските клупи во средината на ноември. Голем број закони останаа неусвоени и не го поминаа ниту првиот собраниски филтер.Вчера имаше бројни процедурални забелешки и довикувања и на Комисијата за политички систем на која се расправаше за законот за Академија на судии и јавни обвинители. Предлог законите за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за измени на Кривичниот законик, за превоз на опасни материи, за трговија и за јавни набавки ќе се носат по завршувањето на локалните избори.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе