Голем пожар изби вечерва во центарот на Скопје. Како што информираа од Противпожарната бригада на Град Скопје, гори приватна куќа на адвокатската улица а на терен се испратени повеќе противпожарни возила.
Повеќе пожарникарски тимови се на терен околу запалената напуштена куќа зад ресторанот Македонска куќа.
Според првичните информации пожарот е локализиран, а во моментот се врши проверка на терен за да се осигура местото и да се спречи евентуално ширење на пожарот кон околните објекти кои по интервенцијата не се загрозени.
Куќата која изгоре е напуштена и се наоѓа во близина на зградата на Управата за финансиско разузнавање и на финансиската полиција.

Истрагата ќе утврдува дали пожарот е подметнат или огнот во ненаселената куќа избувнал од друга причина.
Командирот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски повееќе детали за пожарот најави за подоцна.
На снимките кои беа објавени на ФБ профилот на Горан Таневски се гледа голем оган кој ја зафатил целата куќа и пожарникарите кои се подготвуваат за акција и почнуваат да го гасат пожарот.
Кога избувна пожарот, почна да врне што помогна во гаснењето.

