Македонија Топ вести

Прилепското обвинителство ќе истражува кој ја обил електричната табла  на модуларната болница

Полицијата да го најде лицето кое викендот со хебла ја обило електричната табла на модуларната болница, наложи јавното обвинителство во Прилеп кое отвори предистрага. Болничкото обезбедување во саботата попладне го пријави случајот, а денеска обвинителството ги прибра и снимките од безбедносните камери. Доколку го открие сторителот ќе му бидат поднесени пријави за оштетување туѓи предмети и предизвикување општа опасност, но ќе се спаси од затворски казни,

По информации од допрен глас обвинителството отвори предистражна постапка околу откривањето на сторителот кој го оштетил сандачето за струја. Издадена е  наредба до СВР Прилеп за откривање на сторителот, и наредба за обезбедување на видео запис од сигурносните камери над модуларната болница, соопштуваат од ЈО Прилеп.

Истрагата за тетовската болница од терен се пресели во канцаларија, но детали сѐ уште нема за причините за пожарот, можните виновници, а обвинителството не ги открива ниту имињата на настраданите. МВР ги испрати колегите форензичари од Германија кои во петокот го завршија увидот, а обвинителстовото и владата го очекуваат нивното вештачење во наредните 10 до 15 денови.

Петтемината надлежни обвинители и по 12 дена истрага копаат по стотиците страници документација која ја прибраа од болницата во Тетово и ги прегледуваат изјавите на вработените и одговорните, додека, пак обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција засега нема повикано никого за испрашување за тендерите за изградба на  модуларната болница во Тетово. Шефицата на Обвинителството Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа вели дека сѐ уште ја разгледуваат документацијата, ја анализираат и сега треба да се одлучат што понатаму. Нивниот интерес е евентуалното прекршување на законот за јавни набавки а како што е познато набавката ја доби компанијата „Брако“ од Велес.

Додека се бараат причините за пожарот и оштетувањата врз модуларните објекти, државниот санитарен и здравствен инспекторат проверил 18 модуларни болници и не констатирал ниту еден пропуст се наведува во денешниот извештај.

Во сите модуларни болници  е истакнато на видно место дека е забранета посета  и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица.Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

Иако инспекторите не нашле пропусти на терен, пациентите и граѓаните постојно укажуваа дека во модуларните болници дежураат во смени покрај своите блиски во отуство на доволен број на лекарски персонал а во модуларната болница во Тетово во страотниот пожар настрадаа и две лица кои таа ноќ биле придружба на своите родители и сопружници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе