Филмови

ЗУЛУ

Како дете, Али Нојман, за малку избегнува да биде убиен од Инката, милитантна политичка партија која е во војна со Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела. Само тој и неговата мајка успеваат да ги преживеаат масакрите во тие години. Но, како и кај многумина преживеани, психолошките лузни остануваат. Али станал шеф на огранокот за убиства на јужноафриканската полиција во Кејп Таун. Еден од неговите вработени е Брајан Епкин, чие семејство првично беше вклучено во воспоставувањето апартхејдот. Заедно тие треба да се справат со криминалот што неизбежно постои во распространети области на луѓе без работа, дополнително влошен од криминални банди од други делови на Африка. Нивната работа станува уште потешка кога ќе бидат откриени најдат тела од две млади жени. Во градот се појавува ново зло – нова дрога, чии жртви се и двете жени. Во хаосот каде што се судираат бруталноста и модернизацијата, се уште одекнуваат одгласите на апартхејдот во сенките на општеството кое се бори за помирување.

 

Режија: Jérôme Salle

Улоги: Orlando Bloom, Forest Whitaker …

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПАДОТ НА МЕСЕЧИНАТА -недела, 05 јули 2026 – 24:00

Дејан Дејан

КРИСТИНА – недела, 05 јули 2026 – 22:15

Дејан Дејан

ЛУСИ – ГАНГСТЕРКАТА – недела, 05 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе