Македонија Топ вести

Судска медицина утврдува од што точно почина двегодишното дете од згрижувачко семејство

Завршена е обдукцијата и се прават дополнителни анализи кои треба да покажат, од што точно почина двогодишното дете, чија смрт беше заведена меѓу починатите од ковид во извештајот на Министерството за здравсто од 17 септември. Сепак, состојбата во кое детето било донесено на Клиниката за детска хирургија неколку дена претходно, дехидрирано, неухрането и со слаба реакција на дразби кај надлежните го отвори прашањето за условите во кои тоа било згрижено.

Детето кое имало долг список на вродени комплексни малформации меѓу кои проблеми со централниот нервен систем, гастроентеролошки проблеми, но и срцева слабост и застој во растот, од април минатата година било згрижено во згрижувачко семејство во Тетово кое токму поради неговата здравствена состојба, имало обврска редовно да го носи на конроли и да му обезбедува редовна терапија. Тоа, како што наведуваат од Министерстовото за труд и социјална политика, било причина Центарот за социјални работи – Скопје, редовно да врши надзор како семејството од Тетово се грижело за детето, кое инаку било обучено и лиценцирано за работа и грижа за деца кои имаат здравствени проблеми.

„Според информациите од стручните лица од Центарот детето ја добивало целосната грижа и нега согласно неговите потреби, вклучително со редовни лекарски контроли и примање на пропишана потребна терапија“, наведуваат од министерството за Труд и социјална политика.

Сепак смртта на двегодишното дете го вклучи алармот кај институциите.

„По налог на Министерството за труд и социјална политика, преку инспекциската служба за социјална заштита, а во соработка со Центарот за социјална работа – Скопје, во тек е вонреден надзор над грижата врз детето од страна на згрижувачкото семејство и околностите кои довеле до влошување на неговата здравствена состојба“, информираат од министерството за Труд и социјална политика.

Двегодишнотот дете бил редовен пациент на Детската клиника и на Клиниката за детска хирургија буквално од своето раѓање поради сериозноста на болестите кое ги имало. Последен пат пат таму било третирано една недела пред да биде донесено на Клиниката за детска хирургија во тешка кличничка слика, со допонително влошување на неговата здравствената состоја со неухранетост и дехидрирано, а лабораториските анализи покажале и анемија и други влошени параметри. Обидите на лекарите да го спасат завршиле без успех. Од Клиниката за детска хирургија за смрта на детето веднаш го информирале Центарот за социјални грижи – Тетово.

Од Труд и социјална политика за Телма информираат дека доколку вонредниот надзор врз згрижувачкото семејство покаже пропусти во грижата за двегодишното дете ќе се преземат мерки за одговорност. Инаку до овој момент, споед информациите на Телма, до Основното јавно обвинителство не е стигната пријава за случајот на смртта на детето, а од МВР не добивме одговор дали неговата смрт е пријавена до нив.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе