Истражители на германската федерална криминалистичка полиција утре би требало да допатуваат во земјава, дознава Телма, но не се открива во колав број. Сепак во изгорената модуларна болница во Тетово денеска имаше раздвиженоста од околу еден час. Од владата за Телма информираа дека станува збор за претходница организирана од германската амбасада која вршела подготвително извидување и активности, за доаѓање на германските истражители. Дека германските истражители се уште не се пристигнати во земјава информираше и Јавното обвинителство, кои нивното доаѓање го најави за во наредните денови. Инаку претседателот Стево Пендаровски, еден ден пак по несреќат, во четвртокот, изјави дека странските истражители треба да пристигнат во земјава за 48 часа, рок кој истекува денеска.
Тимот грмански криминалистички експерти за несреќи и пожари ќе и се приклучат на истрагата која ја водат пет јавни обивнители од Скопје и Тетово за утврдување на причните за пожарот. Во меѓувреме од Јавното обвинителство информираат дека се интензивно се работи на расчистување на случајот.
„Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Распит се врши на медицинскиот персонал, роднините на пациентите, луѓето кои случајно се нашле таму и помагале во извлекувањето на луѓето од болницата, но се врши распит и на пациентите од модуларната болница кои преживеаа. Меѓу нив е и 13 преживеан пациент. Од министерството за здравство денеска ја расчистија конфузијата околу официјалните бројките на преживеани и загинати пациенти, со оглед дека беа потврдени 12 загинати, еден пациент кој починал непосредно пред да избувне пожарот и 12 хоспитализирани, што вкупно се 25, а официјалниот податок беше дека во модуларната болница во моментот на пожарот имало 26 пациенти. Од Здравство за Телма информираа дека еден пациент кој се спасил исплашен вечерта заминал дома, но веќе следниот ден се вратил назад и е 13-от хоспитализиран во тетовската болница.
Резултатите од истрагата за пожарот ги чека и Светска банка која го финансираше поставувањето на модуларните ковид-болници низ земјава, вклучително и тетовската. Од таму преку соопштенито изразија сочуство за семествата на жртвите и преживеаните од катастрофалнио инцидент, наведувајќи:
„Владата на Сверна Македонија ги истражува причините за оваа трагедија и ние тоа внимателно го следиме“, стои во соопштението од Светска банка.
Додека се чека истрагата да покаже што го предизвикало убиствениот пожар во тетовската болница неколку стотини тетовци денеска со марш во траорен молк им одадоа почит на загинатите. Иницијаторите на маршот, навивачката група Балисти, со полициска придружба положија венец пред модуларната болница, а граѓани оставаа цвеќе.
Тие го изразија и својот револт од она она што се случи на 8 септември.
Околу модуларната болница денеска беше мирно и тивко. Нејзините остатоци ги очекуваат странските истражители да бидат следните кои ќе зачекорат меѓу нејзините јагленосани ѕидови и пеплосан инвентар, од кои се уште се шири реа на изгорена пластика, за да утврдат како пожарот за само неколку минути ја проголта модуларната болница и 14 луѓе во неа.
Тамара Грнчароска
