Македонија Топ вести

Голем пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес

Се уште гори големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес. Гори нискостеблеста дабова шума, трње, и трева.

Пожарот се шири на потегот кон селото С’лп, но засега, како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, нема опасност да се прошири во селото.

Екипа од ТППЕ Велес веднаш отишла на терен и се уште работат на гаснење на пожарот. Интервенираат осум пожарникари со две противпожарни возила.

Од ТППЕ Велес за МИА посочија дека пожарот кај нив бил пријавен во 13 часот и 10 минути.

Со Телма контактираа повеќе граѓани од овој регион кои бараат помош за гаснење на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе