Македонија

Повик за регистрација на публика на манифестацијата 8 Септември – 30 години независност

Владата ги поканува граѓаните на Република Северна Македонија да учествуваат на централната манифестација по повод јубилејот „30 години независност“, 8 Септември – Денот на независноста, која ќе се одржи утре во 17 часот пред Собранието на Република Северна Македонија.

Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот. За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат здравствените протоколи, се наведува во владината информација.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните кои ќе се регистрираат на следниот ЛИНК.

Според протоколот, бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила. Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 16:30 часот, појаснуваат од владата,

Граѓаните коишто сакаат да го следат настанот, а нема да имаат можност да присуствуваат, ќе можат да гледаат  директен пренос на првиот канал на Националната радио-телевизија или преку видео стрим на линкот: https://youtu.be/E–DEfh1uIE.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе