Македонија Најважни

Османи: Како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ

30 години македонска незвисност со честитки од Бугарија и Грција со постетување дека само целосно исполнување на Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор се патот на Македонија кон ЕУ и добрососедските односи.

Честитката од шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев дојде два дена откако неговото министерство повторно преку соопштение реагираше дека продолжува репресијата врз оние кои се изјаснуваат како Бугари во Македонија, со потенцирање дека исполнувањето на Договорот од 2017 е предуслов за земјава да го продолжи процесот на пристапување во ЕУ. За шефот на македонската дипломатија ваквите периодични соопштенија од бугарската дипломатија се исполнување на дневно политичка агенда.

„Тоа е дел од позиционирањето на државата по однос на овој спор. Јас можам да кажам дека 26 земји-членки сметаат дека ние се однесуваме конструктивно, дека се однесуваме достоинствено и не охрабруваат да продлочлжиме по тој пат активно да работиме да изнајдеме решени. Тоа ќе продолжиме да го правиме независно од дневно политичката агенда“, изјави Османи.

Сепак повтори дека македонскиот пат кон Брисел поминува низ Софиј а и оти продолжуваат напорите тоа да се надмине сега и со ангажирање на Словенија.

Грчкиот министер за надворшени работи, Никос Дендиас, пак во честитката покрај пријателството и соработката ја потсети земјава и на исполнување на Преспанскиот договор, како основ на тоа пријателство, само една недела откако тој во Скопје од макеоднска страна доби барање Грција да го исполнува и својот дел од договорот.

Шефот на македонската дипломатија пак денеска со став:

„Како што успеавме со НАТО ќе успееме и со ЕУ. Значи прашањето не е дали, туку кога“.

Османи кој денеска ја презентираше пред медиумите изложбата посветена на 30 години независност низ дипломатијата каде се изложени и токму оригиналите од договорите со Бугарија и со Грција, кажа дека Македонија од своето осамостојување до денес недвосмислено покажа и делувала на исполнување на своја опредленост – НАТО и ЕУ. Меѓу изложебните фотографии од макеоднската дипломатија во зиминатите 30 години, на јавноста за првпат ќе и бид епрезентиран и документот за македонското аплицирање во ЕУ од 2004 година, потпишана на 26 февруари од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, на днеот на неговото загинување.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе