Најважни Свет

ЕК загрижена поради развојот на ситуацијата во Црна Гора

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес изјави дека постои зголемена загриженост поради развојот на ситуацијата во Црна Гора.

Таа потсети дека слободата на собирање е основно право на ЕУ, но дека тоа право истовремено треба да се применува без штети за јавното здравје и со целосна почит кон владеењето на правото, јавниот ред и безбедноста на сите граѓани на Црна Гора.

Секоја употреба на сила мора да биде одмерена и пропорционална во секој момент. Повикуваме на воздржаност и очекуваме сите надлежни органи соодветно да истражат и обезбедат ефикасно судско процесуирање на сите случаи на насилство, како против демонстрантите, така и против полицајците, истакна портпаролката на ЕК.

Митрополитот црногорско-приморски Јоаникије беше устоличен вчера во манастирот на Цетиње, и покрај силното противење и протестите на голем број граѓани, предводени од Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ.

Поради блокада на патиштата кон Цетиње, свештениците со хеликоптер беа префрлени во манастирот, а потоа на ист начин се вратија во Подгорица.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења, а таа одговори со солзавец. Поради напад на полицијата уапсен е и советникот на црногорскиот претседател, Веселин Вељовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Левица најави последен обид за консензус околу Изборниот законик – утрешниот ден е краен рок за да се постигне

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе