Ковид19 Македонија Топ вести

Студентите поделени околу потребата да се вакцинираат против Ковид- 19, надлежните ќе ги стимулираа со отворање нов пункт

Студентите се поделени околу потребата да се вакцинираат против Ковид- 19 пред стартот на новата академска година, покажа анкетата што денеска ја спроведевме на УКИМ. А според анкетата која Универзитетот ја спровел минатиот месец, само 30% од испитаните студентите билое имунизирани со две дози вакцина. Со цел подигање на свеста за потребата од имунизација, во четврток во кампусот на УКИм ќе биде отворен пункт за вакцинирање.

На не цел месец до почетокот на новата академска година, студентите  на УКИМ се поделени околу потребата да бидат вакцинирани и покрај тенденциијата вежбите, а и испитите на дел од факултетите да се одржуваат со физичко присуство.

  • Вакцинирана сум. Треба сите да се вакцинираат, мислам дека треба- студентка.
  • Сеуште не сум. Ако ситуацијата биде полоша, ќе се вакцинирам. Повеќе поради образованието. За вака, не!- студентка
  • Да, јас сум вакциниран и подржувам- студент.
  • Не сум вакциниран, не ги подржувам вакцините.
  • Не планирам да се вакцинирам зашто сметам дека сеуште не се доволно истражени вакцините.

Во анкетата за вакцинирање, што била спроведена на УКИМ од 20 до 23 август биле вклучени 16220 студенти. Од нив 30 % кажале дека примиле две дози, вели ректорот Јанкуловски.

  • Од постоечкиот број студенти во нашиот систем од 38600, анкетен лист пополнија 16220 студенти. Од нив направивме анализа на податоците дека 30%, односно 4880 студенти се вакцинирани со прва и со втора доза, а 1900 се вакцинирани само со една доза- Никола Јанкуловски- ректор на УКИМ.

А според податоците од пред еден месец , само 150 професори не биле вакцинирани на Универзитетот.

Најголемиот број млади кои починаа од актуелниот четврти бран од пандемијата биле невакцинирани, рече денеска министерот за здравство, Филипче. Со цел подигање на свеста за имунизација кај младите над 18 години за безбедно оброзавание и социјализација, во четврток во кампусот на УКИМ ќе биде отворен пункт за вакцинација.

За одржување настава од 1 октомври, секој до факултетите ќе одлучи што ќе се одржува со физичко присуство, а што онлајн.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши ја повика опозицијата да гласа за Законот за правична застапеност

Tea Dimkovska

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе