Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче: Доколку се почитуваат протоколите децата се безбедни

Бројките кои сега ги имаме покажуваат дека бројот на заболени ученици е навистина мал, тврди министерот за здравство Венко Филипче. Според него минатата недела во 8 училишта од четири скопски општини имало по едно заразено дете, и според податоците од епидемиолошките анкети тие имале мал број на контакти. Денеска е потврден вирусот кај уште двајца ученици, од кои едениот е од Велес, и тоа според Филипче е прв позитивен случај кај ученик од внатрешноста на земјата.

Навистина е мал бројот на деца кои што до сега се евидентирани дека заболеле. Имајќи во предвид дека во текот на минатата година кога 40 проценти од вкупниот број на деца кои што одат во училиште беа со физичко присуство, и навистина незначителен беше бројот на деца кои што заболеа во училиште, сметаме дека еве сега и со овие протоколи и со искуството од минатата година, навистина ризикот е минимален. Доколку се почитуваат сите протоколи, децата се безбедни, рече Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата смета дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“, но земјиштето е приватно

Дејан Дејан

За Петровска техничката влада е неопходна до влез во ЕУ, а за Милошоски СДСМ бара алиби за изборен пораз

Дејан Дејан

(видое) Прекин на електричната енергија поради невреме во охридско-струшкиот регион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе