Македонија

Заев: Пописот стартуваше исклучително успешно

Исклучително успешно стартуваше пописот во земјавс. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека беше недела и дека е прв ден за попис, оцени денеска премиерот Зоран Заев.

Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20 години со апелот на сите политички субјекти, на сите општественици, со професионалниот кадар на статистика под раководство на директорот Апостол и заменикот директорот, пред се, нашите граѓани во педесетина региони исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека е недела и дека е прв ден за попис. Сакам да им честитам на сите попишувачи, но најмногу на сите граѓани, рече Заев.

Премиерот посочи дека прашалникот содржи прашања за статистички податоци, дека дури и за време на пандемија тоа е возможно да се спроведе затоа што физичките дистанци се одржуваат доколку тоа е потребно.

И навистина првиот ден е исклучително охрабрување за успешен попис. Секако имаме уште 24 дена до 30 септември, но сакам да се заблагодарам на сите кои успешно стартуваа, пред, се на министерот за правда, на Заводот за статистика, но и на граѓаните и на попишувачите. Верувам дека податоцте ќе бидат сериозен идникатор за уште поуспешни севкупни политики на развој на нашата земја, изјави Заев на настанот по повод промоцијата на поштенска марка повод 30 – годишнината од независноста на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе