Македонија Најважни

Никој не треба да остане непопишан

Пет илјади обучени попишувачи од утре почнуваат со посети на куќите и становите и со пополнување на пописните формулари.

Две третини од нив се вакцинирале уште пред да се пријават за оваа задача. Токму тие ќе бидат испратени кај оние граѓани кои инсистираат податоците да му ги соопштат на имунизирано лице.

Од Заводот за статистика, кој ги спроведува пописните активности, објаснуваат дека доколку попишувачот не ве најде дома,  должен е да се обиде повторно.

Со посебни протоколи, ќе бидат попишани домаќинствата кои се во изолација или имаат болен член.

Ако е можно, тоа ќе се одложува до завршувањето на изолациониот период. Бројките на заболени ќе ги доставува Министерството за здравство на дневна основа.

Статистика уверува дека нема никаква опасност по здравјето на граѓаните и дека никој не треба да остане непопишан.

И Заводот за статистика и Министерството за правда уверуваат дека се е подготвено. Се уште не е утврден бројот на административци кои ќе помагаат во пописните реони во кои бројот на попишувачи е недоволен.

Пописот ќе трае до крајот на септември. За прв пат ќе се користат електронски формулари, а внесувањето на матичниот број на граѓанинот ќе отвори бази на податоци за вработување, имотна состојба, здравствено и пензиско осигурување и друго.

Првите резултати се очекуваат во јануари. Пописот како најголема статистичка операција се спроведува по 19 и пол години – лани беше одложен заради изборите, а во април годинава заради пандемијата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе