Полицијата во Нов Зеланд застрела „насилен екстремист“ откако со нож избодел и повредил шест луѓе во еден маркет во Оукленд.
„Полицијата може да потврди дека маж влегол во супермаркет и повредил неколку луѓе. Полицијата го пронашла човекот и тој бил застрелан. Тој починал на местото на настанот”, се вели во соопштението.
Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн изјави дека нападот во супермаркетот во Оукленд е терористички напад. Ардерн рече дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка кој бил поврзан со ИД и бил под надзор.
Сведоци велат дека во трговскиот центар владеела хистерија за време на нападот. луѓето врескале во обид да избегаат.
