Ковид19 Најважни

Македонија на 5-то место во светот по стапката на смртност од Ковид-19

Бројките на починати како последица на коронавирусот и понатаму се двоцифрени и загрижувачки. Само во последните седум дена регистрирани се 208 смртни случаи.

Двоцифрен број на починати се очекува и во наредниот период пред се поради високите бројки на новозаболени кои се меѓу 800 и илјада дневно.

Според податоците на сајтот „Ворлдметер“ Македонија е на четврто место во Европа по стапката на смртност на 1 милион жители а пред нас се Гибралтар, Босна и Херцеговина и Унгарија.

Во светски рамки Македонија е на петто место  а највисока стапка на смртност во светот има Перу.

Во првите шест месеци од оваа година почина 14.421 лице што е за повеќе од третина споредено со истиот период минатата година кога, според државниот завод за статистика регистрирани се 10.165 смртни случаи.

Според официјалните податоци на министерството за здравство, од почетокот на годинава, заклучно со вчера регистрирани се 3.454 смртни случаи каде последица е коронавирусот.

Четвра година по ред во Македонија бројките на починати се зголемуваат.

Во 2020 година, кога и се прогласи пандемијата на Ковид – 19, во државата се регистрирани 25.775 починати или 26 отсто повеќе споредено со 2019 година. По месеци гледано најмногу починати има во ноември 3.847, во екот на вториот бран.

Најчеста причина за смртта и минатата година се кардиоваскуларните болести со 41,6 отсто, потоа се неоплазмите со 15,2 отсто а на трето место е коронавирусот кој е причина за смртта кај 11 отсто починатите минатата година.

Во 2019 година, според статистика, починале 20.446 граѓани. Најмногу смртни случаи се регистрирани во јануари – 2.027.  Повторно кај повеќе од половина од починатите причина за смртта се болести на кардиоваскуларниот систем. Потоа следуваат тумори со 18,6 отсто и метаболичните болести до 4,6 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов бран поскапувања, превозот и храната со најголем скок на цените

Дејан Дејан

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Стармер, Мерц и Макрон ја поддржаа идејата за преговори Украина – Русија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе