Македонија

Дали сте подготвени ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ?

Велат дека 1-ви е убав датум за почеток на убави нешта, а пак среда, среќен ден. Им посакуваме среќен почеток на сите ученици со желби за многу успеси во новата учебна година.

Но денес, со задоволство сакаме да споделиме за нас, уште еден убав почеток.

Под слоганот АЈДЕ ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ, СОС Детско село од 01.09.2021 започна со нова кампања и активности на терен. Имено, со цел да ја доближиме работата на нашата хуманитарна организација поблиску до граѓаните, почнувајќи од денес на повеќе локации низ Скопје ќе можете да ги сретнете нашите СОС претставници.

Ако видите ведар, оптимистичен, полн со енергија тим облечен во портокалови брендирани маички , тоа се нашите СОС амбасадори; пријдете и чујте ја нивната приказна.

Од нив ќе може да дознаете за најемотивната  хуманитарна кауза која допира до секој од нас – за поддршката на децата без родителска грижа  и воедно ќе може да ги добиете сите информации за тоа како секој од нас индивидуално може да помогне и да биде дел од еден благороден процес – да помогне за обезбедување на посигурна иднина на  најранливите.

СОС Детско село веќе 20 години дава поддршка на децата и младите без родителска грижа и тоа се одвива секој ден, месец, година и така 365 дена во годината….Посветеноста и поддршката на децата и младите без родители и родителска грижа не може да застане, да прекине. Затоа поддршката од секој индивидуалец кој верува во нашата кауза е од огромно значење за континуитетот и одржливоста на нашата работаи.

И затоа ве покануваме да станете наш СОС Пријател и да ни помогнете ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ!

Нашиот СОС тим секогаш и единствено ќе бидат присутни на локациите кои секоја недела ќе бидат објавувани на веб страната и на социјалните мрежи на СОС Детско село.

Запознајте ги нашите СОС претставници, прочитајте повеќе информации за оваа нова активност на СОС Детско село  и видете ги локациите за оваа недела на следниов линк https://sos.org.mk/ajde-da-menuvame-zhivoti/

Индивидуалната одговорност на секој од нас е многу важна за општеството.

Дали сте подготвени ЗАЕДНО ДА МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе