Анонимната пријава за злупотребата која ја сторил вработениот програмер во Државниот испитен центар стасала и до Антикорупциската комисија. Во неа било наведено дека информатичарот ги менувал резултатите од државната матура со цел остварување на лична корист.Членовите на Антикорупциска се обратиле до Јавното обвинителство од каде добиле информација дека тие веќе отвориле предмет за случајот, а од Секторот за компјутерски криминал при МВР добиле обемен доказен материјал по што се чека носење на одлука.
Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска не е информирана за случајот ниту пак била контактирана за какви било информации. Во врска со резултатите од државната матура до нив се обратиле од една адвокатска канцеларија која не сакала да го каже името на клинетот повикувајќи се на тајност на личните податоци. Од испитниот центар барале информација за критериумите врз основа на кои се креирал прагот за оцена на положен испит.
Јулијана Пешевска
