Македонија

Сите државјани од Авганистан кои пристигнаа во земјава се негативни на Ковид-19

Сите државјани од Авганистан кои синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром се негативни на тестирањето за Ковид-19, информираат од Владата.

На прашањето дали некој од авганистанските државјани е позитивен на Ковид-19, од Владата за МИА изјавија дека сите се негативни на направените тестирања.

– Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 етстовите, велат од Владата.

Со авион на компанијата „Камаир“ вчера преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани од Авганистан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе