„Кандидатите на СДСМ за градоначалници се лица кои смениле и по неколку функции до сега, воопшто не се нови како што велат, многу се подмитливи и тоа се виде по неколку афери кои излегоа за нив и се луѓе со сомнително бизнис минато“, вели Димче Арсовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Според него кандидатот на СДСМ за Битола, Христо Кондоски, е дел од бизнис лобито блиско до Вице Заев, дел од групацијата СН и Стентон, чии бизнис партнери се лица кои го стопанисуваат каменоломот над Битола кој ја загадува животната средина и и штети на околината.
„Кандидатите за Центар, Куманово, Струмица. Замислете, СДСМ велеа дека нивните градоначалници во овие општини се едни од најуспешните, за сега со смената да признаат дека ништо не сработиле нивните досегашни градоначалници и најсмешното од се е тоа што ставаат уште понеспособни луѓе за оваа функција. Признаваат дека ништо не сработиле“, рече Арсовски.
Според него Горан Герасимовски, кој Љупчо Николовски го промовираше како нов човек за Центар е всушност стар кадар, тој е актуелен директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Арсовски, Костадин Костадинов кандидатот на СДСМ за градоначалник на Струмица го нарече миленик на Заеви, кој ќе остане запаметен по низата скандали.
