Ковид19 Свет Топ вести

Израел одобри употреба на трета доза на вакцина против Ковид-19

Израелските власти ја одобрија употребата на трета доза вакцина против коронавирус за сите граѓани кои примиле две дози, во обид да го спречат ширењето на делта варијантата.

Од синоќа – секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со трета доза. Во претходните недели само одредени возрасни категории граѓани можеа да ја примат третата доза од вакцината. Израелците кои не ја примаат третата доза, нема да се сметаат за вакцинирани ако поминале повеќе од шест месеци откако ја примиле втората доза.

Здравствените власти повикуваат на ограничување на собирите за да се избегне зголемување на бројот на луѓе заразени со коронавирус.

Израелските власти наведуваат дека болниците се преоптоварени и дека бројот на пациенти во нив е „многу вознемирувачки“. Во болниците има 1.175 пациенти, од кои 726 се во тешка состојба, а 149 се на респиратор. Бројот на пациенти во сериозна состојба е најголем од март, а на оние на респиратор од почетокот на април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети

Дејан Дејан

Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО, Левица вели ова е последната опомена

Дејан Дејан

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе