Ковид19 Македонија

24 починати и нови 978 заболени од Ковид-19

Двоцифрениот број смртни случаи од Ковид-19 продолжи и денеска. Според податоците на Министерството за здравство изминатото деноноќие на болеста и подлегнале 24 лица. Најмладите двајца имале по 39 години, додека најстариот бил на 82 години. Најмогу починати има во Скопје, шестмина, потоа четворица во Тетово, тројца во Струмица, по двајца во Велес, Гостивар и Охрид и по едно лице во Куманово, Битола, Струга, Кочани и Дебар.

Денеска се регистрирани и 978 новозаболени од направени 7.452 тестирања. Најмногу нови случаи има повторно во Скопје – 405, потоа Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, и Радовиш – 13. Во останатите градови бројот на новозаболени е едноцифрен.

Институтот за јавно здравје информира дека се регистрирани и 524 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667 од кои до сега починаа 5.842. Оздравени се 154.698, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо два пати годишно ќе има два пати месечно средби за западен Балкан во ЕУ, предлага премиерот

Дејан Дејан

Скопје и Атина ќе работат на унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита, со поддршка на СЗО

Дејан Дејан

Законите за судска и јавнообвинителска служба поминаа во прво читање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе