Свет

Во Албанија пристигна првата група од 121 Авганистанец

Првата група Авганистанци, вкупно 121, рано утринава пристигна во Албанија, а на аеродромот ги пречекаа албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка, како и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.

Меѓу пристигнатите Авганистанци има 11 бебиња, пренесува сајтот „Албанијан пост“.

Авиконот слета во 3  часот по полноќ, а станува збор за авганистански државјани кои работеле за американската мисија во оваа земја, пренесува „ABC Albania“.

Авганистанците прво ќе бидат прегледани од лекари од Институтот за јавно здравје, а потоа ќе бидат префрлени во Драч, Тирана и други градови во Албанија.

Се наведува дека планирано е да останат во Албанија додека не добијат виза за САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

(Видео)Рама го пречека раперот Кање Вест во Албанија пред почеток на концертот вреден над 4 милиони евра

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе