Ковид19 Македонија

Родителите поделени за физичко присуство на онлајн наставата

Различни прични, но ист став  дека нема да ги пуштат децата во училиште на 1 септември и порачаа на министерката Царовска родители и активисти. За подржувачите на онлајн наставата мора веднаш да се промени одлуката на Владата за физичко присуство, доколку се има предвид бројот на заразени и високиот процент на смртност во изминативе денови. 30 ученици во една училница е висок ризик во време на пандемија, сметаат тие.

Ние бараме тие кои сакаат нивните деца да го посетуваат онлајн учењето или онлајн наставата со само едно писмо до директорот да се обратат без бирократските процедури, медицински белешки, влегување во опасност во медицинските амбуланти итн. Да нема медицински и немедицински, туку само желба на родителот, вели Ана Глигорова од „Движењето за поддршка на онлајн наставата“.

Без разлика дали наставата е со физичко или со онлајн присуство ние нашите деца нема да ги пуштиме во училиште, порачаа пред Министерството за образование и наука родителите кои сметаат дека учебници и настава мора да има. Сепак причината за бојкотот не е пандемијатата, туку новите реформи во образованието и родово сензитивните содржини, како што велат тие.

Нашите деца нема да ги пуштиме на училиште да учат по новите наставни програми кои се воведуваат со нови „реформи“.  Нашите деца нема да учат содржини за кои ние родителите не сме информирани и не даваме согласност. Нашите деца нема да учат исклучиво и само од дигитални учебници, лаптопи, таблети и телефони, туку од книги, вели Драгана Спасовска од движењето „Учебници и настава мора да има“..

Министерката Царовска со став дека реформите ќе бидат спроведени со нови дидактички средства . Сите училишта се подготвени за старт на учебната година на 1 септември со физичко присуство и перманентно следење на наставата.

Во секој момент доколку добиеме аларм од Комисијата за заразни болести дека треба да размислуваме за ново сценарио, тогаш повторно ќе се состанеме и ќе носиме нови одлуки, но секако во интерес на учениците пред се, поради тоа што и УНИЦЕФ излегоа со свои ставови дека е значајно учениците да бидат во училница, изјави Царовска.

Со одлука на Владата донесена на 17 август почетокот на новата учебна година треба да почне со физичко присуство. Доколки има одредени промени МОН е секогаш подготвено за останите две резервни сценарија хибриден модел и ротирање на групи ученици.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Петровска и Милошоски за „нон-пејперот“: Постепена интеграција или „резервна клупа“ за Балканот?

Дејан Дејан

Владата смета дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“, но земјиштето е приватно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе