Ковид19 Македонија Топ вести

Струмица се вброја во градовите каде што се влошува состојбата со Ковид-19

Десетина денови Струмица е на врвот градови со голем број заразени со Ковид-19. Помеѓу  четириесет и осумдесет нови случаи дневно бележат статистиките на Центарот за јавно здравје. Во моментов во градот има 560 активни случаи.

Високиот број заразени од Ковид-19 за многумина е резултат на тоа што цело лето немаше контрола на забави во дискотеките, свадбите, но и затоа што беше дозволен влез и излез во државата без никаква контрола. Граѓаните велат дека се свесни за високата бројка.

Според Министерството за здравство, високиот број заразени се должи на понискиот процент на вакцинирани граѓани. Во Струмица досега се вакцинирани околу 26% од возрасното население.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе