Тешка сообраќајка се случи вчера вечер во скопски Аеродром помеѓу мотоцикл и автомобил марка „Ауди“, каде загина едно лице.
Покрај загинатиот 25-годишен мотоциклист, двете лица кои се превезувале во возилото се тешко повредени и се пренесени во скопските клиники.
Голем број на луѓе вчера се собраа на местото на несреќата, а на сите страни се слушаа лелеци по страшната сообраќајка на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.
Детали од МВР се очекуваат во текот на денот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
