Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.
Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати ќе се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати во периодот од денес (18.08.2021) до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање, соопшти Државниот завод за статистика.
Телма инфорираше дека поради пандемијата слаб е интересот за пријавување на реонски попишувачи. Рокот за пријавување на огласот е продолжен до 25 август а хонорарот за теренската активност се зголемува на 45.000 денари. Владата не отстапува, пописот мора да се спроведе во септември.
Заводот за статистика го продолжи рокот за пријавување на инструктори и реонски попишувачи. Се дава уште една шанса со зголемен хонорар до 45 000 денари. Најмал е интересот за скопксите општини. Ставор на Владата е дека пописот мора да се споведе.
Од државниот завод за статистика уверуваат дека најголемата статистичка операција ќе се врши по сите протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба. Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите. Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.
Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx
