Македонија Најважни

Филипче: Македонија стигна до 38% вакцинација на полнолетното население.

Интересот за вакцинација постојано расте, ако порано процесот течеше со темпо од две до три илјади на ден, сега е 12 до 13 илјади, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој кажа дека градовите како Пробиштип, Штип, Охрид опфатот на вакцинација е над 50%.

Вакцинацијата е единствениот начин за да се справиме со оваа пандемија, за 20 пати го намалува ризикот од смртен исход.

Македонија стигна до 38% вакцинација на полнолетното население.

Министерството за здравство ја објавува двонеделната анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со Ковид 19, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 9 односно (8%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе