Ковид19 Македонија Најважни

ЕУ ги прифати македонските сертификати за примена вакцина против Ковид-19,

Сертификатите за примена вакцина против Ковид-19 од утре ќе се прифаќаат во европските земји, што значи дека од утре македонските граѓани кои примиле две дози на вакцина, ќе може да патуваат во земјите од ЕУ, но само ако примиле една од вакцина одобрени од Европската медицинска агенција. Покрај сертификатот за примена вакцина, во ЕУ се прифаќаат и потврдите за прележан Ковид-19.

Одлуката ја соопштија еврокомесарите за правда и проширување, Дидие Рејндерс и Оливер Вархеи. Покрај од Македонија, се прифаќаат сертификатите и од Турција и Украина и ќе се употребуваат под истите услови како и Дигиталниот ковид сертификат на ЕУ, додаде Вархеи. Во исто време и трите земји ќе го прифатат Дигиталниот ковид сертификат за безбедно патување во и од ЕУ.

Задоволен сум што листата на земји кoи го имплементираат системот базиран на ЕУ дигиталниот ковид сертификат постојано се проширува и што поставуваме меѓународни стандарди. Ова ќе доведе до безбедно патување и надвор од границите на унијата, рече еврокомесарот Рејндерс.

Одлуката ја поздрави и евроккомесарот Вархеи кој изрази надеж дека  повеќе земји ќе се приклучат на европскиот систем.

Како што заедно се се бориме против пандемијата, така и нашите партнери се интегрален дел од заедничкото безбедно отварање. Им посакувам добредојде на Украина, Северна Македонија и Турција во нашиот дигитален систем за Ковид сертификати и се надевам дека наскоро повеќе наши соседи ќе му се приклучат, рече Вархеи.

Одлуката ја донесе ЕК денеска а ќе стапи во сила уште утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе