Зголемениот број хоспитализации и амбулантски прегледи го алармираше раководството на тетовската Клиничка болница. Се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, бидејќи капацитетите во модуларната болница, на инфективното и интерното одделение брзо се полнат.
На болничко лекување се 80 пациенти, а за жал во изминатите 24 часа има и 5 починати лица. Прогнозите на лекарите се дека бројките ќе се зголемуваат.
Од Министерството за здравство информираат дека доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден.
Поради големиот наплив на пациенти во тетовската клиничка болница здравствените власти размислуваат да воведат нови рестриктивни мерки кои ќе важат за Тетово. Инаку овој регион е втор по бројот на активни случаи, веднаш по Скопје.
Данијела Билбилоска
