Ковид19 Македонија Најважни

И тазе прележаните на кафе – границите без контрола

И прележаните од корона вирусот, од понеделник ќе можат да пијат кафе во кафуле и да ручаат во ресторан. Само еден ден пред стапување на сила,  владата се предомисли и ја олабави мерката, но не за сите, туку само за тазе прележаните. Потврдата за прележан ковид ќе важи само за првите 45 дена.

По 45 дена од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат потврда за вакцинација, барем за прва доза вакцина.Од понеделник, тие кои ќе седнат на кафе или ќе отидат без потврда на концерт, прослава, семинар, конференција или спортски настан  на кој има повеќе од 30 лица, ќе платат 250 евра казна. Казната за сопственикот на објектот е од 2.500 до 30 илјади евра, во зависност од големината, плус, 1.500 евра за одговорното лице. Дали гостите се вакцинирани или прележани, ќе проверува задолжителна редарска служба. Освен за рестораните и кафулињата, ова ќе важи и за влез во секаков вид на објект, каде има повеќе од 30 присутни лица, за каков било настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).Малолетните лица, под 18-годишна возраст, не се опфатени со мерката.

И додека во градовите се заоструваат мерките, на границите се` уште нема никаква контрола, а не се ни планира во догледно време.

Другите држави ја заоструваат контролата на границите.  Од 23 август тие кои ќе патуваат во Словенија, ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани, дека прележале ковид или имаат негативен тест. Патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус, ако ја напуштат Словенија во рок од 12 часа.

Од пред две недели и во Германија се вршат контроли на сите кои влегуваат во земјата, сеедно дали доаѓаат со авион, автомобил или воз. На вакцинираните или оздравените не им е потребен тест, но  невакцинираните мора да се тестираат. Сите кои влегуваат во Германија од високо ризични земји, мора да одат во десетдневен карантин.

Заострени се мерките и за влез во САД. Сите граѓани мора да приложат негативен тест,  без разлика на тоа дали се вакцинирани или не. Невакцинираните, пак,  мора да бидат во 7 дневна изолација по влез во земјата и покрај негативниот тест. Американскиот центар за заразни болести, од пред три дена ја искачи Македонија повисоко на скалата на ризични држави, на второто, портокалово  скалило-умерено ризична. На своите граѓани им препорачува да бидат целосно вакцинирани пред да патуваат во Македонија.

Далиборка Демјанска

https://youtu.be/ENA1Z575seM

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе