Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Виница и Демир Капија – по 1.
Пријавени се шест починати лица: по двајца починати лица од Скопје (75г и 76г) и Тетово (53 г и 77г), по едно починато лице од Гостивар (58г) и Битола (79г). Во моментов активни се 3 746 случаи.
