Ковид19 Најважни

Пановски: До крајот на август дневно ќе имаме по 1.500 новозаразени со Ковид  19

До крајот на август ќе имаме по 1.500 новозаразени со Ковид 19, но не очекувам поголем број на хоспитализирани и смртни случаи – алармира  мигробиологот Никола Пановски откако бројките на новозаразени во последниот период драстично растат.

Пановски смета дека на време не се презеле превентивни мерки на заштита, а сега е предоцна да се сопре ширењето на вирусот, особено на делта сојот кој е позаразен.

“Да 1.500 ако продолжи вака да се удвојува, не знам зошто не би се удвојувал бидејќи нема некои рестрикции, луѓето се заедно, особено младите и ќе почнат и внат5ре да се собираат особено понатаму. Сега исто се собираа внатре поради многу топлото време. За жал кога беше идеална состојбата не се донесоа елементарни мерки за заштита од ширење на дeлта сојот и воопшто и на алфа сојот кои немаше да не чинат многу. Единствено не требаше да се дозволат собирања во затворен простор и да се направи каква таква контрола на границите. Сега е време на пожари, кога се проширил пожарот што треба да се прави не знам. Треба да објаснат зошто не направија тоа пред да се прошири ќе се забавеше ширењето, влегуваат иселениците и други туристи одеа на свадби” – вели Др Никола Пановски.

Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека на 5 јули имавме само 5, а денеска дури 325 новозаразени со Ковид 19. Бројот на активни се искачи на 1.268, а само пред една недела, во минатиот петок имало 456 случаи. Додека тој на новозаразени е зголемен над четири пати, во минатиот петок имало само  74, а денеска 325 нови позитивни. Имаме и вкупно  11 починати лица. Најкритични се Скопје и Тетово. И додека состојбата во Тетовската болница е алармантна -директорот дал наредба медицинскиот кадар во ковид центарот да ги прекине годишните одмори -во Скопје состојбата е стабилна.  На Инфективната клиника има 20 хоспитализирани, а во Воена болница нема хоспитализирани со ковид.

Во минатите 24 часа хоспитализирани се вкупно 20 пациенти, од кои 1 пациент кој е на инвазивна механичка вентилација, повеќе од нив на кислородна поддршка. Клиниката е подготвена за прием на нови пациенти. Дел од колегите се на годишен одмор, нема потреба за нивно итно враќање на работа” – вели директорката на инфективна клиника , Милена Стевановиќ

И покрај апелите на стручната јавност, сепак Комисијата за заразни болести не планира вонредно да се состане.

Од Министерството за здравство го повторија она што го кажа и Филипче. Дека ќе има засилување на рестрикциите доколку продолжи да се зголемува бројот на новозаразени. Мерките ќе се однесуваат само на невакцинираните лица.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОН предупредува: војната во Украина е „посмртоносна од кога било досега“

Kristina Kuzmanovski

Трамп: За неколку недели САД ќе прогласат победа над Иран

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Владата е пред чекор на решение самата да го гради Чебрен и Галиште- проектот би чинел 1,5 милјардa евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе