Ковид19 Свет

Европската унија и Новавакс“ договорија набавка на 200 милиони вакицини

Европската комисија одобри договор за набавка на 200 милиони вакцини од американската компанија „Новавакс“, соопшти Комисијата.

Според договорот, земјите -членки на ЕУ ќе можат да купат до 100 милиони вакцини, со опција до 2023 година да можат да набават дополнителни 100 милиони, кога ќе бидат одобрени од регулаторната агенција на ЕУ за лекови (ЕМА), која во моментов го разгледува барањето за акредитација, соопшти Комисијата.

Додека во Европа и светот се шират новите варијанти на коронавирусот, новиот договор со компанијата што веќе успешно ги тестираше своите вакцини против овие варијанти е дополнителна препорака за заштита на нашата популација, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пренесуваат британските медиуми.

Комисијата додава дека договорот ќе им овозможи на членките на ЕУ да ги добијат првите дози на „Новавакс“ веќе од последниот квартал од оваа година.

„Новавакс“ преку соопштение потврди дека работи на тоа во третиот квартал од годината да ги достави сите податоци за вакцината до Агенцијата за лекови на ЕУ, додавајќи дека по очекуваното одобрување ќе следи испораката на почетните дози на вакцината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Американски воен хеликоптер се урна во Ормутскиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Расте бројот на загинати по силниот земјотрес на Филипините

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе