Свет

Најмалку осуммина загинати и 20 повредени во нападот врз домот на авганистанскиот министер за одбрана

Најмалку осум лица загинаа во нападот врз домот на в.д.  министерот за одбрана во Кабул, соопшти денеска авганистанското Министерство за внатрешни работи, пренесе ДПА.

Најмалку уште 20 лица се ранети кога доцна синоќа возило наполнето со експлозив беше активирано во близина на домот на министерот, во кабулската населба Ширпур.

Пет вооружени лица по експлозијата влегле во резиденцијалните објекти и се впуштиле во престрелка со авганистанските специјални сили.

-Нападот заврши околу пет часа подоцна, откако припадниците на безбедносните сили ги убија сите напаѓачи, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мирвејс Станекзаи.

Бројките за жртви подлежат на мали промени бидејќи истражните тимови се уште работеа на местото, додаде Станекзаи, пренесе ДПА.

Неколку часа по нападот, актуелниот министер за одбрана. Мисмилах Мохамади, на социјалните медиуми постираше видео во кое изјави дека неговиоот дом бил цен на напад на терористи, но дека тој и неговото семејство се безбедни.

-За жал, голем број од моите телохранители се ранети, додаде тој.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесе германската агенција.

Инцидентот во центарот на Кабул се случува по период на релативна смиреност. сд/

Неколку часа по нападот, актуелниот министер за одбрана. Мисмилах Мохамади, на социјалните медиуми постираше видео во кое изјави дека неговиоот дом бил цен на напад на терористи, но дека тој и неговото семејство се безбедни.

-За жал, голем број од моите телохранители се ранети, додаде тој.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Инцидентот во центарот на Кабул се случува по период на релативна смиреност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Ненадејно почина републичкиот сенатор Линдзи Греам

Tea Dimkovska

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе