Вести Свет

Рестриктивните мерки во Сиднеј ќе ги спроведува армијата

Австралија ќе испрати стотици војници во Сиднеј за да помогнат во спроведувањето со мерките за ограничување и карантнот.  Од појавата на делта сојот на коронавирусот во јуни, регистрирани се речиси 3.000 нови инфекции и девет смртни случаи.

Војниците на австралиските одбранбени сили ќе поминат обука во текот на викендот пред да започнат со работа на терен в понеделник (2 август).

Карантинот што ќе биде во сила најмалку до 28 август, им забранува на луѓето да ги напуштат своите домови, освен за основни вежби, пазарување, шопинг, нега и други причини.

И покрај петнеделното затворање, продолжува дда расте бројот на новозаразени во најголемиот град во Австралија.

Во Австралија денеска се регистрирани 170 новозаразени лица со Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 5. издание на фестивалот „ Преку езерото“

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе