Пред избори носење на изборен законик е спротивно од препораките на ОБСЕ, антикорупциска ги потсети денеска големите партии во собранието кои си дадоа неформален рок, пред одмори да ги изгласаат измените. Комисијата има забелешки и на тоа што законот е ставен во собраниска процедура по ултра скратена постапка, што велат е спротивно на Националната стратегија за спречување корупција. За покачувањето потребни потписи за кандидирање на независни листи, велат е класичен пример на политичка корупција.
Предложените измени ќе овозможат зголемено влијание на политичките партии врз советниците при носење на одлуки во интерес на партиски цели, со истовремено намалување или анулирање на учеството и влијанието на поединци и граѓанските здруженија во општинските совети при носење на одлуки кои директно се однесуваат на квалитетот на животот на граѓаните во една општина. Во конкретниот случај се работи за системски закон па начинот на кој се настојува да се извршат измените, ДКСК го оценува како суштинско нарушување на владеење на правото, наспроти декларативната заложба на политичките партии за негово унапредување.
Во изјава за 360 степени, од канцеларијата на ОБСЕ велат дека остануваат на препораките во однос на прагот за поднесување на независни листи. Тие дале препорака за стандардизирање до 1 процент од запишаните гласачи, што е во согласност со меѓународната пратика. На прес конференција пак лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ вели дека 1 проценти од ОДБСЕ е најниската граница која е дадена.
Вчера Министерот за правда тврдеше дека измените се компромис на сите четири поголеми партии. Денеска од Комисијата за политички системи не ја исклучуваат можноста овие два дена измените повторно да бидат ставени на дневен ред. Освен што вчера заглавија поради брзината со која требаше да се носат, денес преговараат и со Левица бидејќи поднесе 700 аманмани на ваквиот закон. Се птортиви и демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
Инаку со новите измени се воведуваат и отворени листи според комбиниран модел и гласање за една партија и за еден советник од неа. Ако добие повеќе од 3 одсто од вкупниот број гласачи, ќе биде избран, а другите места се делат според редоследот утврден од партијата. Против брзите измени спротивни од препораките на обсе е и претседателот на државата стево пендаровски
Билјана Николовска
