Вести Македонија Свет

За Косово „Мини-Шенгенот“ е иницијатива без визија за регионот

Владата на Косово порача дека не ја поддржува иницијативата за „Отворен Балкан“, иницирана од премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешниот Регионален економски форум во Скопје.

Во писмена изјава до медиумите на групацијата „Коха“, Владата на Косово вели дека иницијативата, која ја нарекува „Мини-Шенген“, иако иницијаторите на денешната средба во Скопје се откажаа од тој назив, е „без визија за регионот“.

Од кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти велат дека не биле поканети на денешниот Регионален форум поради противењето на иницијативата која потекна од средбата на Заев, Рама и Вучиќ во октомври 2019 година во српскиот град Нови Сад.

-Нашите ставови за идејата од Нови Сад, таканаречениот „Мини-Шенген“, веќе се познати. Новосадската иницијатива нема одобрување од наша страна и следствено ние немавме официјална покана за учество на средбата. За нас таканаречениот „Мини-Шенген“ е иницијатива без визија за регионот. Ние предложивме унапредување на регионалната соработка од ЦЕФТА во СЕФТА, според моделот на ЕФТА-ЕЕА, од што истовремено би имале придобивки сите земји на Западен Балкан, се вели во одговорот.

Владата во Приштина ги повикува лидерите на земјите од регионот да се посветат на евроатлантските интеграции.

-Владата на Република Косово ги повикува владите во регионот да останат посветени на агендата на Европската унија и на трансатлантските односи, се вели во изјавата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 5. издание на фестивалот „ Преку езерото“

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе