Свет Топ вести

„Вашингтон пост“ наложи задолжителна вакцинација за своите вработени

Сите вработени во „Вашингтон пост“ мора да обезбедат доказ дека се вакцинирале против Ковид-19 до средината на септември, доколку сакаат да останат на работа. Исклучоци ќе бидат направени само од медицински и религиозни причини, наведе издавачот Фред Рајан во писмо до вработените.

Добавувачите и гостите на весникот, сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, исто така ќе бидат примени во редакцијата само со документ за вакцинација.

Новата политика за вакцинација на изданието доаѓа во услови на зголемување на случаите Ковид-19 во САД, што се припишува на позаразната  Делта варијанта на вирусот.

Рајан рече дека повеќето вработени во весникот веќе доставиле документ за вакцинација. Тој истакна дека одлуката не е лесна, но верува дека планот е исправен со оглед на здравствената состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе