Вести Македонија

Здравствената состојба на Камчев алармантна, јавува неговата одбрана

Здравствената состојба на Јордан Камчев, во затворот КПУ Скопје се влошува, јавува неговата одбрана. Неговите адвокати велат дека во затворот нема соодветни услови за третирање на неговата здравствена состојба.

Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата. Првично, денес во текот на утрото г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим,, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ,,медицински тим,,  оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода. Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и  несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на г-динот Камчев, се вели во соопштението на адвокатите на Камчев.

Бараат сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек.

Камчев од 14 март годинава се наоѓа во притвор кој му беше одреден како тогаш осомничен, а сега обвинет, во предметот „Плацови на Водно“. Притворот му беше одреден поради опасноста од бегство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

Дејан Дејан

Најмалку 12 загинати во шумски пожар во Шпанија – огнот избувнал за време на топлотниот бран

Дејан Дејан

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе